Пад на депозитите и кредитите на компаниите во јануари

50

Во јануари 2021 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат месечен пад од 3%. Притоа, падот во најголем дел произлегува од намалувањето на депозитните пари, при помал придонес и на краткорочните депозити, а во услови на умерен раст кај долгорочните депозити, покажуваат податоците на Народна банка.

Гледано на годишна основа, депозитите се повисоки за 12%, што главно се должи на растот на депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, додека краткорочните и долгорочните депозити во денари бележат пад.

Во јануари, кај кредитите на корпоративниот сектор е забележан пад од 0,2%, на месечна основа. Надолната промена пред сѐ е резултат на намалувањето на кредитите одобрени во странска валута, при помало влијание и на кредитите во денари. Во споредба со истиот период од претходната година, кредитите на корпоративниот сектор се повисоки за 1,6%, што во целост е одраз на растот на кредитите во странска валута, во услови на мал пад кај кредитите во денари.

Фото: Pexels