Станбените кредити во јануaри бележат пораст од 0,4% во споредба со претходниот месец, а дури 13% раст во однос на јануари минатата година, покажуваат податоците на Народна банка.
Па така, во јануари оваа година, банките во земјава одобриле 58,548 милиони денари за станбени кредити, додека еден месец претходно за таа намена се одобрени 58,306 милиони денари.
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките кредити, е забележан мал месечен пад од 0,8%, додека на годишна основа е остварен раст од 6,3%.
Автомобилските кредити остварија месечен и годишен пад од 1,9% и 10,5%, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалија за 2,7% и 8%, на месечна и годишна основа, соодветно.
Во јануари, кај негативните салда на тековните сметки е забележано месечно зголемување од 9,2%, а на годишно ниво тие се намалени за 8,1%.
Кредитите одобрени врз други основи, во јануари, бележат месечен и годишен пад од 1,8% и 6,9%, соодветно.
Фото: Pexels