Цената на биткоинот повторно порасна утрово по остриот пад, повторно достигнувајќи 50.000 долари. Тоа се случува поради тоа што американската компанија за електронски и мобилни плаќања, Square објави дека купила биткоини во вредност од 170 милиони долари.
На утринското тргување во четири часот по источноамериканско време, највредната дигитална валута во светот порасна за 7,5% достигнувајќи 50.683 долари, пренесува CNBC.
Square објави дека купува 3.318 биткоини по просечна цена од 51.235 долари и сега о оваа криптовалута има околу 5% од нејзината вкупна актива. Не чело на оваа компанија е првиот човек на Twitter, Џек Дорси.
Ова не е првпат Square да инвестира во биткоини, бидејќи и лани компанијата инвестираше 50 милиони долари во криптовалутата.
Фото: Pexels