Групацијата НЛБ има амбиции за натамошно ширење во регионот, со цел за преземање или партнерство со банка во Албанија, а за што ќе се одлучува внимателно и мудро, соопштија од банката при онлајн презентацијата на деловните резултати на словенечката банкарска група.
Водечките луѓе на НЛБ очекуваат дека процесот на реструктуирање и целосна интеграција на Комерцијална банка во словенечката банкарска група ќе заврши во 2022 година и проценуваат дека со оваа аквизиција НЛБ е на пат да стане водечка финансиска институција во регионот на Југоисточна Европа.
На прес-конференцијата беше речено дека со преземањето на српската Комерцијална банка на крајот на декември 2020 година, билансот на состојбата на групацијата е зголемен за 4,3 милијарди евра, со што вкупните средства на НЛБ се зголемени на скоро 20 милијарди евра.