Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јануари 2021 година, во споредба со јануари 2020 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 4,8%, а реално за 1,8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10,6%, а реално за 10,2%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7,6%, а реално за 5,9%).
Намалување на прометот е забележано во групата: Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 28,5%, а реално за 16,9%).
Фото: Pexels