На големите банки веќе не им требаат големи и луксузни канцеларии

62

Три од најголемите британски банки планираат да ги напуштат скапите канцелариски простории, сметајќи дека работата од далечина ќе остане во пракса и по завршување на пандемијата, пишува CNN.

НЅВС најави дека планира да го намали канцеларискиот простор на глобално ниво за 40% во следните неколку години, што е дел од стратегијата за намалување на трошоците.

Од Lloyds велат дека планираат да ги намалат канцелариите за околу 20% до 2023 година, додека банката Standard Chartered има во план за една третина да ги намали објектите во коишто работи во текот на следните три до пет години.

Овие одлуки на банките доаѓаат кога милиони вработени ширум светот работат од дома скоро цела година. Се верува дека најголемите предизвици на работата од дома во услови на пандемија е грижата за домот и семејството како и продолженото работно време.

Фото: Pexels