Катар го има приматот на најскапо пиво во светот, со просечна цена од 11,26 долари за шише од 330 милилитри. Најевтиното пиво, пак, е во Јужна Африка, каде што просечната цена е околу 1,68 долари, покажуваат податоците на Expensivity.
Според тоа, Чешка има највисока стапка на консумирање на пиво во светот, со испиени 468 пива по лице годишно, додека Германците трошат најмногу пари на пиво од сите земји во светот со 1.907,78 долари годишно.
Податоците покажуваат дека просечната цена на пивото во Македонија е 2,34 долари, што е една од најниските цени во светот. По Јужна Африка, најевтино пиво пијат и: Украина (1,76 долари), Аргентина (1,79 долари), Босна и Херцеговина (1,96 долари) и Гана (2,05 долари).
Пивото, освен во Катар, има висока цена и во: Јордан (9,4 долари), Кина (7,71 долар), Франција (6,39 долари) и Швајцарија (6,23 долари).
Фото: Pexels