Dailmer и Amazon ќе соработуваат за развој на автономни камиони

60

Германскиот автомобилски гигант, Daimler најави партнерство со американски Amazonза развој на автономни камиони.

Amazon се очекува да придонесе со технологија во облак за тестирањето на автономни камиони во САД на Daimler.

Според германскиот гигант, технологијата на Amazon ќе го забрза испитувањето на нови возила и нивна испорака на пазарот. Daimler е одговорен за развој на технологија за автоматско возење во компанијата Torc Robotics, а Amazonќе даде свој придонес преку Amazon Web Services, пренесуваат светските медиуми.

Тестовите ќе се применуваат на самоуправувачки возила од четврто ниво, што подразбира возење без возач, но во одредено подрачје. Постојат пет нивоа на автономно возење, а петтата значи целосна автономија на возилата.

Torc Robotics на почетокот беше самостојна американска компанија со којашто Daimler почна да соработува во 2019 година, но за брзо време ја презеде.

Фото: Pexels