Интернет страницата My Heritage, преку вештачка интелигенција, ги анимира старите црно – бели фотографии преку опцијата Deep Nostalgia.
Целиот процес трае неколку минути, а оној кој сака да оживее некоја стара фотографијa треба да ја постави, а апликацијата го прави остатокот.
Дел од корисниците се воодушевени, а други мислат дека сето тоа е малку необично и морбидно.
Од My Heritage велат дека не ги преземаат податоците на корисниците и не ги предаваат фотографиите на трети лица. Целта им е да “вратат во живот“ саканите и нивната апликација, како што пренесува Metro, има “носталгична употреба“.
Фото: Pexels