Јужнокорејскиот електронски гигант, Samsung Electronics разгледува четири локации во САД за нова фабрика за чипови вредна 17 милијарди долари.
Компанијата разгледува две локации во Аризона и по една во Тексас и Њујорк.
Од округот Тревис и градот Остин во Тексас, компанијата бара комбинирано намалување на данок за 1,48 милијарди долари во текот на 20 години, што е скоро двојно повеќе од она што го барала досега.
Samsung преговара и за локации во Аризона и Њујорк, коишто му нудат намалување на данокот на имот и “значајна поддршка или даночно олеснување со можност за поврат за финансирање со подобрена инфраструктура.
Новата фабрика би произведувала софистицирани компоненти за чипови и би можела да отвори 1.800 работни места, пренесува Ројтерс.
Samsung веќе има фабрика за чипови во Остин, што го запре производството во февруари поради поларното невреме и ќе бидат потребни уште неколку недели за да го обнови производството.
Фото: Pexels