Трансформација на системот за производство на електрична енергија од фосилни горива на чисти извори до 2045 година, Полска ќе ја чини околу 120 милијарди долари.
Поголемиот дел од електричната енергија во Полска се добива со користење на јаглен како погонско гориво, но планира да го намали неговиот удел во производството на струја поради зголеменени трошоци од емисија на штетни гасови, пренесува Ројтерс.
“Трансформацијата многу ќе нè чини, тешко е во овој момент да се процени колку. Пресметавме дека до 2045 година трансформација на системот за производство на електрична енергија ќе биде околу 450 милијарди злоти (120 милијарди долари)“, вели Пјотр Наимски, полски министер за енергетика.
Додал дека неговата земја во следните 30 години ќе ги затвори постројките за производство на електрична енергија што користат јаглен и ќе ги заменат со гас, ветерници на море и нуклеарки.
Фото: Pexels