Потрошувачката на швајцарско чоколадо најниска во последните 40 години

105

За првпат од 1982-ра година, просечната годишна потрошувачка на чоколадо во Швајцарија се намали на 10 килограми по лице. Во просек, еден жител на Швајцарија во пандемиската 2020 година изел 9,9 килограми чоколадо, што е за 6,9% помалку одошто во 2019 година, покажуваат податоците на Асоцијацијата на швајцарски производители на чоколадо Chocosuisse.

Податоците покажуваат дека во исто време се забележува и зголемување на увозот на чоколадо за 1,8%, со што уделот на увезените чоколади во Швајцарија од 41 сега е 43%.

Производителите на чоколадо сметаат дека тоа се должи на рестриктивните мерки поради коишто беа затворени и границите, па одредени суровини се двојно поскапи во Швајцарија одошто во другите земји.

Пандемијата, исто така, го намали производството на чоколади за повеќе од 10% на 180.000 тони, а извозот бележи пад од 11,5% на 126.000 тони. Продажбата на швајцарско чоколадо во текот на минатата година се намали за 14,5% на 1,68 милијарди долари.

Фото: Pexels