Русите и понатаму најголем инвеститор во Црна Гора

39

Во текот на минатата година и покрај пандемијата, во Црна Гора се регистрирани 663 милиони евра странски директни инвестиции. Во истиот период од земјата се одлеани повеќе од 195,5 милиони евра, пренесуваат црногорските медиуми.

Земјите членки на НАТО во Црна Гора вложиле 230 милиони евра. Поединечно, првото место по инвестиции убедливо го држи Русија, којашто во Црна Гора лани инвестираше 99 милиони евра. Следна е Кина со 71 милион, па Швајцарија со нешто повеќе од 63 милиони евра.

Русите во компаниите и банките вложиле 22 милиони евра, а во интеркомпанискиот долго, што претставува инвестиција што не го зголемува основниот капитал, 53 милиони евра.

Најмалку пари од земјите во регионот, во Црна Гора вложила Македонија – 653.000 евра.

Фото: Pexels