Хрватскиот бизнисмен Мијо Пашалиќ сопственик на компанијата Apfel, во која работат 120 лица, изгради две згради во Макарска за да го реши нивното станбено прашање. Зградите имаат по 16 стана од по 60 метри квадратни, а првите станари треба да се вселат до крајот на март.
Вработените ќе плаќаат од 650 до 950 евра за квадрат на рок од 15 години. Притоа со договорот не се врзани за компанијата, односно не мора да останат вработени во компанијата во тој период. Работниците кои ќе добијат станови во следните 15 години не смеат да го изнајмуваат или продаваат станот.
Двете згради на Пашалиќ ја чинеа неговата сестринска компанија Tonka, 1,45 милиони евра.
Тој вели дека 26 работници се пријавиле за становите, а 13 биле избрани по три рунди разговори.
“Сто проценти сум убеден дека овој начин на домување е точен затоа што едно лице не може да води компанија или да живее сам, а тоа ми беше водилка цел живот “, рече Пашалиќ, кој не се откажа од градењето згради, иако неговата компанија минатата година имаше пад од 40 %.