Француски винар патентираше вино посветено на пандемијата

144

Францускиот винар Жан Плежентан го патентираше виното La Cuvee Qu’on vide 2019 што му го дал името по актуелната пандемија, а етикетата на виното е дизајнирана да потсетува на упатствата за задолжителните епидемиолошки мерки.

На задната страна од етикетата стојат зборовите: 2019 не донесе само вирус, туку и добра берба, пренесува винскиот магазин Vino&Fino.

Виното во овој момент го продава и го подарува на клиенти и бизнис партнери.

“На оваа идеја дојдов во текот на самата берба. Ми беше потребно време да ја остварам идејата, но во основа таа е многу едноставна“, вели Плежентан, кој на 16 хектари одгледува органска сертифицирана винова лоза.

Фото: Pexels