Рускиот рударски гигант Norilsk Nickel објави дека платил казна од две милијарди долари за штета предизвикана од излевање на дизел во Сибир, што е најголема еколошка катастрофа во рускиот дел на Арктикот.
Norilsk Nickel е најголем производител на паладиум во светот, втор производител на никел и меѓу 10-те најголеми кога е во прашање бакарот.
Излевањето на 21.000 тони дизел во реките и земјиштето во околината на градот Норилск што го налути рускиот претседател, Владимир Путин, а судската казна за штета нанесена на околината, изречена во февруари оваа година, е далеку најголема во историјата на руското правосудство кога се во прашање компаниите.
Со казната, како што се наведува, е испратена порака да се модернизира производството на компанијата.
Фото: Pexels