Биоразградлива заштитна маска се претвора во цвеќе

131

Заштитните маски веќе цела година се составен дел од нашето секојдневие. Но, колку и да штитат од пренос на заразата, сепак се штетни за околината доколку несоодветно се одлагаат. Сепак, кризата е време и за иновации, па така Мериен де Грот Понс, инаку графичка дизајнерка која живее и работа во Холандија, направи нешто интересно кога се заштитните маски во прашање.

“Сите овие години како што работам како графички дизајнер користев различни природни ресурси за да може да ги користат во мојата работа, посебно хартија, па затоа сакав да ѝ се оддолжам на природата. Со недели ми е тешко да ги гледам расфрлани заштитните маски по улиците, па едно утро се разбудив со идеја за биоразградлива заштитна маска со семе за цвеќе во нејзе. Затоа сега ја продавам мојата маска под името Marie Bee Bloom“, напиша таа на нејзината интернет страница.

Оваа маска штити исто како и маските направени од природни материјали, што значи дека за поголема заштита се препорачува да се комбинира со друга маска. Изработена од хартија добиена од ориз и во себе содржи семиња од цвеќиња.

Деловите за прикачување на маската зад ушите се изработени од чиста волна, а семињата остануваат во нејзината внатрешност благодарение на посебно лепило направено од вода и талк добиен од компири. Дури и логото што стои на заштитната маска е направено од еколошко мастило.

По нејзината употреба, се препорачува да се закопа во дворот или во поголема саксија. Пет биоразградливи маски чинат 15 евра.

Фото: Marie Bee Bloom