Германските компании во текот на минатата година ги намалија трошоците за истражување и развој, покажува анализата на Институтот за економски истражувања.
Во текот на минатата година уделот на трошоците за истражување и развој во приходите на компаниите се намали во сите сектор на 3,2%, што е за 0,3 процентни поени помалку од просекот во период од 2016 до 2019 година.
Падот е особено изразен во автомобилската индустрија, каде има пад од 6,9 на 4,8%. Инаку, овој сектор е посебно познат по трошоците за истражување, а во овој момент тие имаат важен придонес бидејќи се фокусира на електрификација.
Малите инвестиции во истражувања има и кај фармацевтската индустрија, каде што уделот во вкупните приходи е само 7%.
Од друга страна, текстилната индустрија има голем раст од 2,1 на 4,8%.
Фото: Pexels