Jaguar ја претстави специјалната E-Type 60 колекција

52

Еден од најубавите автомобили на светот, Jaguar E-Type наскоро ќе наполни 60 години, а во чест на овој јубилеј, Jaguar Classic подготви специјална колекција.

Jaguar Classic во чест на 60-годишнината на својот легендарен спортски автомобил E-Type, ја претстави специјалната колекција наречена Jaguar E-Type 60 Collection која е сочинета од шест купе и шест “роудстер“ модели кои се целосно реставрирани, а интересно е што продажбата ќе се одвива исклучиво во пар.

Купе верзијата пристигнува со Flat Oyt Gray финиш на каросеријата, додека “роудстерот“ ќе биде во Drop Everything Green нијанса, инспирирани од оригиналните бои од пред шест децении. Од Jaguar велат дека овие бои нема да можат да се нарачаат на ниту еден друг модел бидејќи се ексклузивни исклучиво за E-Type 60 Collection моделите. Возилата се целосно реставрирани до последното штрафче и се одликуваат со неколку механички унапредувања.

Ревитализираните E-Type 60 Collection модели сега пристигнуваат со специјален петстепен мануелен менувач со синхронизирачки прстени и поцврста обвивка од алуминиум со цел да се подобри издржливоста. Jaguar Classic вели дека соодносот на брзините сега е поблизок за поспортско возење, а менувањето на брзините е помазно. Унапредената трансмисија е поврзана со препознатливиот XK мотор, 3,8-литарски шестцилиндричен агрегат со 265 КС.

E-Type 60 Collection автомобилите добиваат и електричен вентилатор за ладење на моторот, кој исто така нуди и електронско палење и е поврзан со полиран издувен систем од нерѓосувачки челик, за кој од Jaguar велат дека е поиздржлив и „вади“ подлабок звук.

Со цел да остане во допир со времето, Jaguar го опреми „препородениот“ E-Type со помодерен инфозабавен систем во комбинација со Bluetooth конективност и сателитска навигација. Промени се направени и на централната конзола со специјална изгравирана плочка на која е прикажана рутата на автомобилите кои патувале од Ковентри до Женева при лансирањето во 1961 година. Британскиот производител вели дека сите гравирања се направени рачно по консултирање со идните сопственици, а за целиот процес се потребни 100 часа за комплетирање.

Купет пристигнува со Smooth Black кожен ентериер додека кабината на роудстерот е опремена со Suede Green. Двата модели имаат комеморативни E-Type 60 логоа, заедно со зарабен управувач од лесно буково дрво со 24-каратно копче како омаж на оригиналниот E-Type.

Преземено од Avtoplus.mk