Потрошувачката на вино во Италија забележа голем пад поради пандемијата, па здружение на земјоделци побараа владина помош и предлагаат дестилација на непотрошеното вино заради производство на гелови за дезинфекција.
Во винските подруми во 2020 година поради затворање на ресторани, барови и винотеки во Италија и во светот останаа непотрошени околу 150 милиони литри вино. До 31-ви јануари оваа година, според официјалните податоци, останале непотрошени околу 6,9 милијарди литри вино.
Италијанскиот извоз на вино лани се намали за 2,2%, што предизвика загуба од 6,29 милијарди евра. Затоа бараат помош од властите во висина од 150 милиони евра за “итна дестилација“. На тој начин ќе се произведат околу 25.000 литри гелови за дезинфекција, што во најголема мера се увезуваат.
Фото: Pixabay