Во 2020 година, земјите членки на Европската унија увезле 53,6 милиони тони јаглен што е пад за 39%. Падот е последица од слабата искористеност на електраните на јаглен, коишто имале тешка година поради економскиот пад и ниските цени на гасот.
Сите добавувачи го намалиле извозот на јаглен во Европа. Најмногу Русија и тоа од 37,8 милиони на 10,2 милиони тони. Русија и понатаму е најголем добавувач на јаглен во Европа, зголемувајќи го својот удел во европскиот увоз од 59 на 68%.
Најголемите потрошувачи на ова цврсто гориво во Европа, како што се Германија, Холандија, Франција и Велика Британија, значително го намалија увозот на руски јаглен во текот на минатата година.
Фото: Pexels