Златно Тркало 2021: Ова се најпосакуваните автомобили во Македонија

100

Гласањето за годинешниот избор за наградите на Златно Тркало завршија, а автомобилските фанови, ентузијасти и сите заинтересирани гласачи го дадоа својот глас.

Изборот на Златно Тркало 2021 за Најпосакуван автомобил во Македонија заврши, а со тоа се познати и победниците во сите категории. Во своето второ издание, Националниот избор за Најпосакуван автомобил помина во најдобар ред, повторно успеа да привлече големо внимание, а целата македонска јавност можеше да го даде својот глас и да го избере својот фаворит во четирите категории – Најпосакуван Семеен, Најпосакуван Електрифициран, Најпосакуван Градски и Главната награда за Најпосакуван автомобил во нашата земја.

По завршувањето на гласањето, беа собрани вкупниот број на гласови, според кои се познати победниците во секоја од категориите, а тоа се:

Најпосакуван градски автомобил: Peugeot 2008 со 1.389 гласа

Hајпосакуван семеен автомобил: Škoda Octavia со 1.971 гласа

Најпосакуван електрифициран автомобил: Peugeot e-208 со 1.609 гласа

Главна награда за Најпосакуван автомобил во Македонија за 2021 е Škoda Octavia

Како што е познато и од претходно, право на учество во изборот имаа сите нови модели кои беа промовирани на македонскиот пазар во изминатите 12 месеци. По ова, организаторите формираа листа и истата ја презентираа пред официјалните и овластени увозници, а на конечната листа своето место го најдоа моделите кои самите импортери одлучија да ги номинираат за „битка“ меѓу фановите.

По ова, кандидатите се најдоа на гласање пред јавноста, по што пристигна и конечниот резултат. Гласањето за Златно Тркало траеше од 1, па се до 14 март. На крајот, треба да се напомене дека имаше вкупно 15,340 гласања, а сите активности минаа во фер атмосфера, при што сите кандидати беа подеднакво и непристрасно промовирани од страна на организаторите. За главната награда до последен момент се водеше тесна битка со Peugeot 2008.

Редакцијата на Авто Плус им честита на сите победници, а наскоро ќе има информации околу официјалното доделување на статуетките.

Преземено од Avtoplus.mk