Кој повеќе вложува во биткоини?

56

Мали инвеститори во првото тримесечје од оваа година купиле повеќе биткоини одошто институционалните инвеститори, покажуваат проценките на JPMorgan.

Според анализата, малите инвеститорите од почетокот на годината од најпознатата криптовалута имаат 187.000, во споредба со 172.684 биткоини на страната на институционалните инвеститори.

Падот кај вторите инвеститори може да биде една од причините поради која биткоинот не успеа да го задржи нивото од над 60.000 долари. Но, јавноста будно го следи однесувањето на малите инвеститори, особено откако во САД беше донесе закон со којшто ќе се поттикнува личната потрошувачка.

Институционалните инвеститори во последните три месеци од минатата година беа најголеми купувачи на биткоини, но сега тие водат рамноправна битка со малите инвеститори.

Фото: Pexels