Извршниот директор на компанијата My Pillow, Мајк Линдел најави нова социјална мрежа, што ќе биде комбинација од Twitter и YouTube.
Тој за Business Insider рекол дека планира новата социјална мрежа да ја претстави во следните три недели, а ќе го носи името Vocl. Според најавите, Vocl ќе биде наменета за печат, радио и телевизија, но Линдел не навел други детали околу тоа како ќе изгледа и какви функционалности ќе им даде на корисниците.
Линдел во јавноста е познат како голем поддржувач на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а поради ширење дезинформации за измами на минатогодишните избори е блокиран на Twitter. Поради таквите забрани и блокади, голем број приврзаници на Трамп популарните социјални мрежи ги заменија со алтернативни како што се Gab и Parler. Сепак, Vocl ќе се разликува од тие платформи, а според Линдел корисниците ќе можат слободно да го изразат своето мислење.
Фото: Pexels