Renault во рамки на својата Renaulution програма го најави јакнењето на својата електрична офанзива, а еден од адутите би требало да биде новиот Renault 5.
Лука де Мео донесе неколку новини со стапувањето на позицијата извршен директор на Renault, а новите планови беа претставени пред извесно време со Renaulution програмата, која вклучува електрична офанзива и враќање на некои свои легендарни модели во понудата. Резултат на сето тоа е новиот Renault 5, кој ќе биде реинкарнација на легендарниот модел во електрична варијанта.
Целта на Renault e до 2025 година да лансира најмалку седум електрични автомобили, а најмногу се очекува токму од Renault 5. Токму затоа, како што се претпоставува, електричната верзија на легендарниот модел би требало да биде далеку попристапен кога станува збор за цената од актуелниот европски бестселер во тој сегмент, Renault Zoe.
Со оглед на се поголемиот фокус на автомобилските производители на електричниот сегмент, истиот се развива со навистина големо темпо, а според многумина, најконкурентни ќе бидат C и B сегментите. Токму тука ќе бидат пласирани најголемиот дел од новите ЕВ модели, па конкуренцијата се очекува да биде и најголема. Борбата секако ќе се води и кога станува збор за цените, бидејќи актуелните електрични модели во B сегментот и понатаму се со висока цена.
Renault 5 би требало да пристигне на пазарот во 2024 година, а Лука де Мео потврди дека почетната цена на новата електрична “петка“ ќе биде пониска од 20.000 евра, што е големо изненадување за многумина.
Преземено од Avtoplus.mk