Над 200 фирми во БиХ сакаат да набават вакцини за вработените

31

Сопственици на приватни компании во Босна и Херцеговина покренаа иницијатива да купат вакцини против коронавирусот за своите вработени.

“Вработените во најголем дел се помлади луѓе и додека да дојдат на ред за вакцинирање, многу од нив можат да се заразат, да отсуствуваат од работа и да ја шират заразата, а долгорочните последици од болеста уште не ги знаеме“, вели Омар Куштриќ, директор на компанија што се занимава со производство на мебел, кој е иницијатор.

Иницијативата подразбира приватните компании кои сакаат да купат вакцини за своите работници, да се приклучат кон набавката што ја вршат властите, да платат и обезбедат доволни количини од вакцините. Според проценките станува збор за околу 200 фирми што работат во БиХ.

Фото: Pexels