Измените во Законот за акцизи кои стапија на сила деновиве, ќе ја покачат цената на алкохолните пијалоци и на поевтините цигари во Македонија. Цената на пивото се зголемува за три до четири денари по литар, додека кај жестоките алкохолни пијалоци таа ќе се зголеми и до 40 денари. Се очекува зголемување и на цените на поевтините цигари, кои ќе поскапат од четири до 10 денари.
Измените во Законот за акцизи предвидуваат акцизата на цигарите постепено да се зголемува во наредните 10 години. Во првите три години поскапувањето ќе изнесува за 0,15 денари по парче цигара годишно, додека од 2016 до 2023 година цигарите ќе поскапуваат секоја година по 0,20 денари за парче.
Зголемувањето на акцизите е со цел усогласување со европските директиви.