Кинескиот производител на телефони, Xiaomi по електричните тротинети планираат и развој на нови електрични возила, пренесува Ројтерс.
Еден од најголемите производители на паметни телефони во светот, Xiaomi планира да ги користи производните погони на кинескиот производител Great Wall Motors, за да може на пазарот да го пласира првиот автомобил по брендот Xiaomi Mi.
Досега Xiaomi се етаблираше како производител на добри и поволни електрични тротинети, па успехот со нив можеби ги увери дека можат да дадат поголем придонес во транспортот.
Партнерството меѓу Xiaomi и Great Wall Motors ќе бидат објавени во текот на следната недела, кога ќе откријат каков електричен автомобил планираат да произведуваат, односно дали ќе произведуваат скапи возила или оние што ќе бидат наменети за масовни пазари.
Фото: Pexels