Пад од 8,3% на бруто додадената вредност во земјоделството во 2019 година

56

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2019 година изнесува 48.977.000.000 денари и во однос на 2018 година бележи номинален пад од 8,3%.

Растителното производство во 2019 година, кое учествува со 70,5% во вкупното производство, бележи опаѓање од 3,9% во однос на 2018 година. Вредноста на добиточното производство, кое учествува со 19,8% во вкупното производство, опадна за 9,7% во однос на 2018 година.

Меѓуфазната потрошувачка, во 2019 година, бележи пораст од 0,1% во однос на 2018 година. Номиналниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2019 година бележи опаѓање од 3,1%, додека реалниот доход од производните фактори бележи опаѓање од 0,4%.

Фото: Pexels