Климатските промени ќе чинат 1.700 милијарди долари годишно

85

Светот мора да преземе итни и драстични мерки за да ги запре климатските промени коишто до средината на оваа деценија би можеле да предизвикаат трошоци од 1.700 милијарди долари годишно, сметаат економисти од целиот свет.

До 2075-та година, износот би можел да се зголеми на 3.000 милијарди долари годишно, проценуваат 738 економисти од целиот свет, што се вклучени во научно истражување на Њујоршкиот институт за креирање одговорни политики.

“Луѓето се шегуваат дека економистите не можат да се сложат околу повеќе работи, но се чини деkа постигнавме високо ниво на консензус околу економската важноста во борбата против климатските промени“, рекол Дерек Силван, директор за стратегии на Институтот.

Три четвртини од испитаниците се за тврдењето дека треба веднаш да се преземат драстични мерки. За да се избегнат големи последици од климатските промени, научниците велат дека светот до 2050 година мора да ја намали емисијата на штетни гасови и скоро целосно да ја минимизира.

Во светот од 2000-та до 2019-та година се забележани повеќе од 7.300 природни големи катастрoфи што усмртиле повеќе од милиони луѓе и предизвикале штета од 3.000 милијарди долари, покажуваат податоците на Обединетите нации.

Во последните 20 години се забележани околу 4.200 катастрофи во коишто настрадале 1,19 милиони луѓе, а е предизвикана материјална штета од околу 1.600 милијарди долари.

Фото: Pexels