Јапонија во морето испушта милион тони контаминирана вода од Фукушима

59

Јапонската влада објави дека планира во море да пушти повеќе од милион тони контаминирана вода од уништената нуклеарна електрана Фукушима скоро 10 години по хаваријата.

Пуштањето вода во морето би требало да почне за две години, а целиот процес би траел цела деценија.

“Со претпоставка дека стриктно ќе се почитуваат регулаторните стандарди што се воспоставени, избравме пуштање вода во океанот“, стои на официјалната страница на јапонската влада.

Ваквата одлука ќе наиде на отпор кај соседните земји. Јужна Кореја веќе изрази “сериозна загриженост поради тоа што одлуката ќе има огромно влијание на безбедноста на луѓето и околината“. Незадоволство изрази и Тајван.

Фото: Pixabay