Маркетинг стратегијата што се заснова на носталгија за добрите времиња се покажа како многу успешна во текот на големите кризи. Затоа оваа година може да се гледаат многу реклами коишто нè потсетуваат на убавите времиња.
Постојат студии што го истражувале однесувањето на потрошувачите на медиумски содржини кои биле согласни дека луѓето денес уживаат гледајќи стари телевизиски емисии, филмови и музика, бидејќи тие будат спомени за некои побезгрижни времиња.
Таквиот тренд го препознале и големите компании, па почнале да инвестираат во маркетинг што се базира на носталгија. Coca cola, на пример, во март претстави кампања за своите напитоци за коишто искористиле снимки од стари кошаркарски турнири кои традиционално се одржувале во март. Благодарение на новата технологија, во рацете на кошаркарите се нашле напитоци што во овој момент ги рекламира компанијата.
Синџирот пицерии Pizza Hut го искористи Packman, ликот на една од најстарите компјутерски игри. Нивната кампања е интерактивна, па купувaчите се охрабрени да го скенираат кодот од кутијата за пица, да ја играат играта и да ги споделат своите резултати на социјалните мрежи.
Синџирот за брза храна Burger King го направи првото ребрендирање во последните 20 години. Нивното лого сега потсетува на оние од 70-тите, 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Амбалажите, униформите на вработените и ентериерот на локалите почнуваат да се менуваат и да потсетуваат на старите времиња.
Фото: Pexels