Скок на цените на нафтата

45

Цените на нафтата забележаа пораст на меѓународните пазари над над 68 долари, откако прогнозите за раст ја надминаа загриженоста поради огромниот број на новозаразени во Бразил, Индија и Јапонија.

На лондонскиот пазар, цена на барел нафта порасна за 89 центи и изнесуваше 68,16 долари, додека на американскиот пазар поскапе за 83 центи на 64,69 долари за барел.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕК) и нејзините сојузници проценуваат дека побарувачката оваа година ќе расте за шест милиони барел дневно, по падот за 9,5 милиони барели дневно.

Прогнозираат дека глобалните залихи во јули ќе достигнат 2,95 милијарда барели и ќе бидат пониски од просекот во истиот период од 2015 до 2019 година.

Фото: Pexels