Колку е сега “тежок“ најбогатиот човек на светот?

50

Личниот имот на извршниот директор на Аmazon, Џеф Безос, минатата недела ја надминаа границата од 200 милијарди долари.

Со тоа, лидерот на Аmazon го засили водството на списокот на најбогати луѓе во светот, пред главниот конкурент, шефот на Теsla, Илон Маск. Со месеци двајцата се вртеа на врвот на листата на најбогати луѓе во светот.

Сепак, во петокот, личното богатство на Безос изнесуваше 202,3 милијарди долари, според пресметките на Forbes. Францускиот бизнисмен Бернард Арно е втора најбогата личност во светот со нето вредност од 182,8 милијарди, додека Маск е на третото место со “само“ 172,5 милијарди долари.

Основачот на Аmazon последен пат го мина прагот од 200 милијарди долари минатиот август поради скокот во продажбата преку Интернет предизвикана од последиците од пандемијата.

Најновиот раст на богатството на Безос е резултат на добрите резултати во првиот квартал, објавени од Аmazon.

Продажбата на компанијата скокна за 44 % на над 108 милијарди долари, надминувајќи ги внатрешните очекувања.

Безос треба да се повлече од функцијата извршен директор во втората половина на оваа година. Акциите на Аmazon се зголемија за повеќе од 9% оваа година.

Фото: Twitter