Хрватскиот финтек старт – ап Revuto, којшто развива апликација за управување со плаќање претплати и сака да профитира како конкуренција на глобалниот бренд PayPal, започна со токен продажба од својата криптовалута Revo со цел да собере капитал од осум милиони евра.
Приватната продажба веќе започна со големи инвеститори со удел од над 300.000 евра, а јавната понуда започнува на 18-ти мај, пренесува Пословни дневник.
Revuto во третото тримесечје и официјално планира да ја лансира апликацијата Revuto App, којашто е во фаза на тестирање. Идејата на апликацијата е комбинација од крипто-паричник, дебитна картичка и управување со онлајн претплати што би требало на корисниците да им го олесни управување со плаќање на претплати. Меѓу претплатите се оние за: Netflix, HBO Go, Amazon, Spotify, Deezer, Apple iCloud, MS Office…
Од хрватскиот старт – ап сметаат дека еден просечен европски потрошувач месечно троши 130 евра на претплати, односно околу 5% од својот буџет. Скоро една петтина никогаш не ги проверуваат своите претплати поради што 10% од нив нешто плаќаат за производи или услуги што или не ги користат или не ги сметаат за доволно вредни за парите.
Фото: Pexels