Berkshire Hathaway на Ворен Бафет се чини дека значително го подобри својот бизнис на почетокот на 2021 година.
Оперативната добивка се зголеми за 20% во првиот квартал, а компанијата објави масовен откуп на акции во вредност од 6,6 милијарди долари.
Од Berkshire прецизираа дека многу од компаниите во кои имаат акции остварија “значително поголема“ заработка и приход, но некои како единицата за делови за авиони Precision Castparts сè уште се борат.
“Резултатите беа навистина добри“, изјави Џим Санахан, аналитичар во Edward Jones & Co, кој даде препорака да се купат акциите на Berkshire.
Резултатите од минатата година рефлектираа загуби од 55,62 милијарди долари од инвестиции и деривати, бидејќи берзите низ целиот свет потонаа на почетокот на 2020 година.
Фото: Pixabay