Nissan го продава уделот во Daimler за 1,15 милијарди евра

50

Јапонскиот производител на автомобили Nissan објави дека го продава својот удел од 1,54% во германскиот автомобилски гигант Daimler за околу 1,15 милијарди евра.

Според Nissan продажбата ќе овозможи “дополнително зајакнување и подобрување на деловна конкурентност, вклучувајќи инвестиции за промовирање на електрификација”.

“Индустриската соработка со Daimler останува непроменета. Двете групации продолжуваат да соработуваат во повеќе области“, се наведува во соопштението на јапонската компанија.

Nissan за годинава предвидува нето загуба од 530 милијарди јени (4,8 милијарди долари) за фискалната година до март, што е пониска од претходната прогноза.

Фото: Pixabay