Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

50

Халкбанк, како дел од коалицијата Priceless Planet, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја.

Во предизвикот #EcoYogaTree, којшто беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина.

Фотографиите на Елмедина Елези, Константин Влахо, Мирјана Силјаноска, Ева Димоска и Елена Серафимовска Стојчевски, кои беа избрани за најинтересни и најкреативни, добија викенд во еко-ранчот на Ванчо и Ранчо на Ката во Оморани. Сите фотографии што беа дел од предизвикот може да ги погледнете на страницата на Инстаграм на Халкбанк во делот #EcoYogaTree.

“Со овој предизвик, кој го организиравме заедно со Mastercard, сакавме симболично да ѝ дадеме оддишка на планетата Земја. Последните анализи во Британија покажуваат дека свеста и размислувањата на луѓето се променети во насока на нивно еко-дејствување. Целта на коалицијата е тоа размислување да го покренеме на глобално ниво. Токму затоа, со секоја трансакција на Mastercard донираме за поздрава иднина на нашата планета“, изјавија од Халкбанк АД Скопје.

Планетата Земја ни е една и единствена и само заедно може да ја зачуваме здрава за генерациите што доаѓаат. Овој предизвик е пример како со мал ангажман на секој од нас може да направиме повеќе за подигнувањето на свесноста за планетата Земја.

Халкбанк продолжува со активности како дел од коалицијата Priceless Planet со Mastercard. Дознајте како да се вклучите во следните активности со заследување на Халкбанк на социјалните мрежи.