Фармацевтските компании соопштиле дека поддршката на американскиот претседател за укинување на патентите на вакцините против коронавирусот би можела да го наруши и така кревкиот синџир на снабдување и дека наместо тоа богатите земји би требало повеликодушно да ги споделат вакцините со земјите во развој.
Претседателот на САД, Џо Бајден претходно даде поддршка за укинување на патентите на вакцините што предизвика негодување од фармацевтските компании.
Доколку Светската трговска организација (СТО) го прифати тој предлог, би се појавиле нови производители без потребното знаење и надзор на пронаоѓачите да ги истиснат доверливите добавувачи, сметаат од Меѓународната федерација на фармацевтски производители и здруженија.
Компаниите коишто развиле вакцина против коронавирус, исто така, ја критикувале ваквата можност. Па така, германски BioNTech наведува дека разви повеќе постапки за производство на вакцини и дека нивното реплицирање бара искусен персонал и внимателен трансфер на технологија.
Фото: Pexels