Рекламирање на автомобили со бензински и дизел мотори повеќе не е дозволено на sидовите на метро-станиците во Амстердам, со што холандската престолнина е првиот град во светот што презеде ваков чекор.
Сепак, забраната се однесува само на одредени производи затоа што, според Партијата на зелените, не е можно да се забрани рекламирање на сите брендови, туку само оние кои користат фосилни горива. Затоа самата одлука ја следи граѓанската иницијатива “Забрана за фосолно рекламирање“.
Земји како Белгија, Канада, Шведска и САД веќе некое време бараат забрана за рекламирање автомобили. Некои земји сакаат автомобилите со мотори со внатрешно согорување да се изедначат со тутунот и цигарите, односно за нив да важат истите предупредувања.
Фото: Pixbay