Купување тоалетна хартија во време на криза станува сè повообичаено, но во моментот кога светот здивна, сепак главната суровина за изработка на хартијата, целулозата, поскапува.
“Во историјата на бизнисот не сме виделе волкав скок на цената на месечно ниво“, вели аналитичарот Брајан Меклеј, за CNN.
Пазарната цена на целулозата во септември се движеше околу 606 долари за тона, во но април се искачи на 907 долари.
“Комбинацијата од повеќе фактори доведе до ваков скок на цените, вклучувајќи го посто ковид закрепнувањето во Кина, којашто е најголем купувач на целулоза во светот, како и одложување на глобалната достава“, вели Меклеј.
Производителите на пазарот купуваат целулоза и ја користат за да направат тоалетна хартија и други производи. Околу 70% од целулозата што американските производители ја купуваат доаѓа од Бразил, додека остатокот е од Канада.
Целулозата е само последен пример за недостиг од суровини што ја погодува американската економија, додека закрепнува од карантинот што го поремети синџирот на снабдување и ги измени потрошувачките навики. Според тоа, тешко е да се најде, дрво, челик, чипови, хлор, па дури и работна сила.
Цените на тоалетната хартија се зголемија за време на пандемијата, а еден од производителите навел дека поскапувањето делумно е поради повисоката цена на целулозата.
Според анализите, цената на тоалетна хартија се зголеми за 15,6% во текот на 52 недели.
Фото: Pexels











