Француската економија ќе се врати на ниво од пред пандемијата до првата половина од 2022-ра година, изјави францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер и ја потврди проекцијата за економски раст на земјата од 5% за оваа година,
“Се вративме на економскиот раст во првиот квартал. Мислам дека ќе имаме силен раст во 2021-ва година“, рекол Ле Мер.
Тој демантира дека ќе има втор пакет економски мерки во рамки на програмата вредна 100 милијарди евра.
Претседателот Емануел Макрон минатата недела зборувал за “втора фаза на закрепнување“ во којашто ќе има забрзани инвестиции, што покрена шпекулации во француските медиуми и меѓу економистите дека е во план нов економски пакет.
Фото: Pexels











