Сè уште е рано за свадби и да не се носат маски на отворено

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, денеска соопшти дека епидемиолошката слика во земјава се подобрува, но рано е да се повлечат сите мерки. Тој кажа дека се намалува бројот на новозаразени случаи со ковид, а се ослободуваат и болничките капацитети, со што дел од ковид-центрите по клиниките се затвораат и болниците се враќаат на нивните примарни дејности.

Сè уште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено, рече Филипче.

“Следниот чекор би бил, но сè уште е рано да кажеме кога би било тоа, да се носат маските како претходно, односно само во група надвор. Засега е рано. Тоа ќе биде следно за што ќе разговаравме. Утрово инициравме дискусија и заклучокот е дека треба да почекаме уште недела или две, рече Филипче.

Засега е рано и да се организираат свадби и концерти.

“Сè уште не се дозволени концертите и свадбите бидејќи стравуваме дека во овие случаи може да се намали дистанцата меѓу луѓето кои се присутни и затоа одиме постепено. Ако продолжат трендовите, ќе бидат дозволени и концертите, нагласи Филипче.

Новите предлози за олабавување на рестриктивните мерки, како што изјави, се поради трендот на намалување на бројот на новозазарени и значителното празнење на болничките капацитети.

Фото: Freepik