На шалтерите на банките во Хрватска ќе почнат да се продаваат инвестициски дијаманти. Како што пишува Јутарњи лист, една од неколкуте меѓународни компании кои се занимаваат со трговија на дијаманти уште овој месец преку една домашна банка ќе им понуди на граѓаните опција да купуваат инвестициски дијаманти. Договорот за овој вид банкарски производ би требало да се потпише во текот на оваа недела, па затоа ниту трговецот, ниту банката не го откриваат својот идентитет, пишува Јутарњи.
Инвестициските дијаманти на хрватските клиенти ќе им бидат понудени како алтернативен облик на штедење и ќе им бидат конкуренција на златото или недвижностите.