НЅВС тестира: Во петок попладне нема состаноци на Zoom

54

Британскиот банкарски гигант HSBC планира во петок попладне да не организира состаноци на Zoom.

Причина за тоа е намалување на стресот на вработените кои работат од дома. Пробната програма е слична на оние што ги прават и други компании со цел да ги подобрат условите за работа на своите вработени.

Оваа одлука ќе важи за оние кои работат на комерцијално банкарство, што опфаќа тековни сметки, заеми, хипотеки и кредитни картички.

Причина за ваков потег доаѓа во момент кога НЅВС го намалува канцеларискиот простор за 40% во постпандемискиот период.

“Во експериментот ќе учествуваат повеќе лица кои нема да имаат обврска да организираат состанок преку Zoom во петок попладне за да се обезбеди доволно време за извршување на други задачи“, велат од банката.

Фото: Pexels