Маск ги стопира плановите за проширување во Кина

Поради неизвесноста предизвикана од ескалација на американско-кинеските тензии, американскиот производител на електрични автомобили, Теsla ги запре плановите за купување земјиште во Кина со цел да ја прошири фабриката во Шангај, која сака да ја претвори во глобален извозен центар.

Со оглед на тоа што царините од 25% за увоз на електрични возила од Кина се уште во сила, покрај постојните давачки наметнати од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Тесла сега има намера да го ограничи уделот на Кина во глобалното производство, соопштија извори за британски агенции.

Компанијата претходно размислуваше да го зголеми извозот на својот Model 3, што го произведува во Кина, на повеќе пазари, вклучувајќи ги и САД. Теsla во моментов испорачува Model 3 oд кинеското производство во Европа. 

Акциите на Tesla паднаа во вторникот на Њујоршката берза за дури 5,3%.

Фото: Facebook