Добивката на Apple помала за 22%

47

appleПриходите на Apple во изминатото тромесечје благо пораснале, благодарение на растот на продажбата на iPhone на американскиот пазар за 51% во однос на истиот период лани, додека добивката паднала за 22% поради намалување на бруто маржата.

Најголемата светска технолошка компанија соопшти дека нејзината добивка во изминатото тромесечје изнесувала 6,9 милијарди долари или 7,47 долари за акција, додека во истиот период лани добивката била 8,8 милијарди долари или 9,32 долари за акција.

Приходите на компанијата достигнале 35,3 милијарди долари, додека во истиот период лани изнесувале 35 милијарди долари. Растот на приходите се должи на растот на продажбата на iPhone на пазарите во САД за 51%, а во Јапонија за 66% во однос на истиот период минатата година. Вкупно во изминатиот квартал Apple продал 31,2 милиони парчиња iPhone, додека продажбата на iPad достигна 14,6 милиони.

За разлика од САД и Јапонија, приходите од третиот клучен пазар на оваа компанија, Кина, потфрлија и паднаа за 43% во однос на истиот период минатата година.

apple-earnings