Вискито станува поевтино од ракијата

Со законски измени, што ги усвои српската влада, се предвидува сите видови на силни алкохолни пијалаци да се оданочат според процентот на чист алкохол, независно од суровината од којашто е произведен.

Со тоа се изедначува износот на акцизи за сите пијалаци во однос на процентот на алкохол што го содржат, наместо во однос на суровината од којашто се произведени, па за висината на акцизата нема да биде важно дали пијалакот е направен од овошје, како што е случај со ракијата или од житарките што се основна суровина за производство на виски.

Акцизите на пиво и останати нискоалкохолни пијалаци, коишто содржат меѓу 1,2 и 15% алкохол, не се менуваат и во иднина ќе се пресметуваат на литар.

Фото: Freepik