Американскиот претседател, Џозеф Бајден во склад со традицијата на американските претседатели, објави податоци за платен данок, соопшти Белата куќа.
Врз основа на даночната пријава се гледа дека претседателот Бајден и неговата сопруга минатата година заработиле 607.336 долари и на тоа платиле данок од 157.414 долари, јавува ВВС.
Една година претходно, Бајден заработил 985.223 долари.
Доналд Трамп е прв американски претседател уште од аферата Вотергејт којшто одбил да ги открие податоците за своите приходи и даноците, наведувајќи дека во тоа го спречува истрагата што против него ја води управата за приходи на САД.
Фото: Facebook












