Холандскиот пивски бренд, Heineken преговара со јужноафриканската компанија Distell за можна аквизиција, што би значело негов влез на пазарот на вина и жестоки пијалаци во овој дел од светот.
Пазарната капитализација на Distell ќе изнесува 2,27 милијарди долари, а компанија навела дека Heineken ѝ доставил понуда за мнозински удел.
Distell произведува вина и жестоки пијалаци, а воедно е и втор најголем производител на сајдер во сетот, па Heineken е присутен во тој сегмент, најмногу преку брендот Strngbow, а на јужноафриканскиот пазар веќе продава свое пиво.
Свете компании соопштиле дека сè уште разговараат за можна аквизиција и дека не е сигурно дали ќе се постигне договор.
Фото: Freepik











